Кошаркарите на Пелистер покажаа од каков материјал се направени кога најмногу требаше. Победен е лидерот ТФТ Скопје со 91-82, што е дефинитивен излез од ноемвриската криза. Ова е прв пораз за тимот од Тафлалиџе на гости, а му кумуваше добра тимска игра на момците на Петровиќ. Пелистерци ја стегнаа одбраната, а одлични индивидуални партии запишаа Бојиќ, Мишковиќ, Стајиќ...