Тиквеш успеа во мисијата и со победа над Воска Спорт (2-1) го освои трофејот во Купот на Македонија. Кавадарчани предводени од тренерот Ѓорѓи Мојсов дојдоа до голем успех, а она кое го вети стратегот пред мечот - го исполни. Куп-трофејот доаѓа во Кавадарци, каде сигурно ќе има голема фешта. Тиквеш си обезбеди и европско место и стартен „џекпот“ од 150.000 евра кој може да порасне ако се мине првата пречка на дебито во евро-куповите.