Ракометарите на Тиквеш 2014 со победа над Еурофарм Пелистер 2 од 28-26 (14-10), ја отворија новата сезона во Суперлигата на Македонија. Пресметката во салата „Јасмин“ во Кавадарци донесе многу возбудувања и голема борба. Младите пелистерци покажаа заби против фаворизираниот противник, но сепак на крај пресуди искуството на тимот предводен од Матлиевски. Најефикасен играч на натпреварот беше Мирко Мајиќ со пет погодоци, а одлична партија имаше и Ани Обина со пет. Во гостинскиот табор, по четири пати стрелаа Белистојановски, Ивановски и Димитровски.