Во првиот дел од хокејарскиот спектакл на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ младинскиот тим на Асоцијација на хокеј без граници, клуб кој доаѓа од Монтреал, Канада беше подобар од младинскиот тим на Металург со 6-3 (1-0, 3-1, 2-2). Поквалитетниот тим од Канда доминираше, иако и нашите млади хокејари не беа без свои адути. Веднаш по овој меч следеше и сениорскиот дуел на Металург и Асоцијацијата Хокеј без граници од Монтреал.