Македонската фудбалска репрезентација до 21 година активно се подготвува за натпреварот против Русија, кој е претпоследен за националниот тим во квалификациите за ЕП 2019. Селекторот Добринко Илиевски веќе го има тимот кој ќе настапи во Тула, а фудбалерите најавуваат машка битка, за да се замрсат сметките на фаворитот. Дуелот се игра на 12 октомври, од 18:00 часот.