По само неколку тренинзи се чувствува позитивната атмосфера во младинската репрезентација на Македонија пред ЕП во Данска во периодот од крајот на јули и почетокот на август. Под диригентската палка на Александар Јовиќ, нашите најталентирани младинци кои во април го донесоа пласманот во Хернинг на турнирот во Шафхаузен, работат со полна пареа и во целост се фокусираат на билдање на тимскиот дух. Јовиќ и Червар во таа колективност и позитивно размислување полагаат многу надежи пред големиот собир во Данска.























