Од утрово и тренингот од 10.00 часот македонската ракометна репрезентација е комплетна. Синоќа пристигнаа двајцата ракометари на Вардар, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков, а последен на експедицијата ѝ се приклучи Николче Митревски. Сега Обрван работи со сите 21 ракометари и секој ден до заминувањето во четврток по двапати дневно темпира од петок до недела Македонија да биде онаа правата. И утринскиот тренинг беше интензивен и насочен кон предизвикот Полска во петок навечер. Добри вибрации нудат овие први четири дена заедничка работа на македонската ракометна репрезентација.









































