Постот од скоро 900 дена без европска победа во „Боро Чурлевски“ заврши. Од „потопот“ на АЕК во Европската лига, скоро три сезони во евро-куповите битолчани не се радувале на триумф. Победата вечерва значи многу повеќе од два бода. Совладан е четвртфиналистот од последната Лига на шампиони сведен е на само осумнаесет гола! Висла загуби во Битола со 21-18, а Никола Митревски покажа дека е додадена вредност на овој тим, најдобар македонски голман и патоказ кон осминафиналето на Лигата на шампионите.