Во женската ракометна супер-лига ретко се гледаат изедначени натпревари во кои решава еден напад, една топка, една грешка. Вторпат во еден месец ракометарките на Металург го совладаа младиот тим на Вардар Јуниор во убав амбиент и надигрување во салата во Автокоманда (26-25). Лавриниќ доминираше, а на секое враќање на девојките на Симовски, Металург наоѓаше решение. Ова е првиот чекор на ракометарките на Металург кон освојување на вицешампионската титула.


























