Веќе неколку недели Металург како да е отпишан на првенствените мечеви, и заради интерните проблеми и заради настапот на скоро комплетна младинска екипа, како последица на тие проблеми. Но и денес момците на Алексо Мацков покажаа дека умеат да им парираат дури и на екипи во подобра форма, како Хоризонт Турново на Јане Николоски. Влатко Стојановски беше прва „виолина“ при водството од 2-0, а во само осум минути гостите израмнија и неколку пати пропуштија можност да го однесат целиот плен од стадионот во Маџари. По лош терен, мечот го следеа рекордно мал број на гледачи, но имаа и што да видат попладнево.
Фудбалери на Турново и Металург и судијата Ставрев
Металург-Хоризонт-Турново
Металург-Хоризонт-Турново2