Љубителите на ракометот во спортската сала во населбата Автокоманда видоа допадлив првенствен меч, во кој сепак поквалитетната екипа на Металург се справи со Пелистер и славеше со 29-23 (15-9). Момците на Лино Червар игра зрело и полетно, а и битолчани имаа свои моменти. Продолжува серијата на победи на домашната сцена и Металург има 15 од 15. Пелистер, кој нема да игра во плеј-офот уште од овие натпревари треба да ја бара екипата за следниот шампионат.