Пред само неколку недели скоро секој меч во кој влегуваше во драматична завршница, МЗТ Скопје не можеше да го добие. И се поставуваа различни теми поврзани со карактерот, со стручноста на Алеш Пипан и со концентрацијата на кошаркарите. За кратко време работите се сменија во сосема поинаква насока. МЗТ Скопје го победи Партизан со 82-78 и тоа баш на начин на кој претходно ги губеше натпреварите. Јончевски ја донесе позитивната енергија и спокојот, а публиката повторно беше шести играч на МЗТ Скопје. Само што е можно подолго да трае овој позитивен момент.
Луковиќ на загревање
Кошаркарите на МЗТ Скопје слават победа