Најнапред силен физички тренинг, а потоа и прв контакт со топка за кошаркарите на Карпош Соколи на денешната тренинг сесија на новиот член на АБА лигата. По вчерашниот собир и означување на почетокот на подготовките, Синиша Матиќ денес го одработи првиот тренинг. Многу ентузијазам, неколку нови имиња и големи очекувања на „соколите“ пред за нив историската борба на неколку фронта.


























