Македонскиот футсал првак КМФ Проект одигра катастрофален клучен натпревар и со убедливи 0-5 (0-3) загуби од Луксол Сент Ендрјус од Малта, со што ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Дуелот во салата „26 Април“ во Гевгелија беше директна пресметка за првата позиција која води во следната фаза. КМФ Проект потфрли кога беше најпотребно и така ги завршува настапите во првата фаза. Дебитантот во ЛШ нема шанси ниту за да биде најдобра второпласирана екипа од сите групи, затоа што двајца претставници имаат две победи и едно реми по три меча, наспроти две победи и пораз на македонскиот тим.