Нашиот најдобар судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ЕХФ ги делегира да ја делат правдата на мечот за третото место меѓу Норвешка и Хрватска. Овој меч во „Краков арената“ му претходи на финалето во кое подоцна ќе играат Шпанија и Германија. Ова е големо признание за скопските судии, кои беа блиску и да го судат завршниот натпревар на првенството. Претходно нашиот најпознат судиски пар, Марјан и Драган Начевски, го водеа финалето на Европското првенство во 2001 година. По почетокот на мечот, арбитражата на Николов и Начевски им оди без никакви проблеми.