Фудбалерите на Работнички го одработија попладневниот тренинг и полека ја привршуваат првата фаза на подготовки во Скопје, пред во недела да заминат во Словенија. Франц на располагање има и натаму многу малку фудбалери со оглед на тоа што започна со 12 професионалци, а потпишаа само уште Наумчевски и Митрев. Се спомнува доаѓањето на Сашко Пандев, а за Петровиќ се позасилен е интересот на Дебрецин. Работнички ќе мине 10 дена во Словенија, од каде ќе се врати на 14 јуни, а целта е покрај 3-4 теста од подготовките да се врати и со посилен тим од овој кој заминува.

















