Ново ладно утро во Краков. Температурата околу нулата, иако нов снег нема. Стотина македонски навивачи, откако синоќа го почувствуваа викенд ритамот на Краков, утрово веќе се подготвени за голем ракометен ден.
Фан зоната полна со најмлади подоцна од 14.00 часот ќе почне да ги собира нашите фанови за да се загреат за натпреварот со Полска вечерва. Преубавиот Краков е украсен во обележјата на првенството, а се забележува и по некое македонско знаме. Сигурно ќе се пее македонска песна по неколку ресторани во градот, кои веќе се збирно место на „Фалангата“. Ние сме тие кои нема што да загубат, па сите заеднички сонуваме, македонските ракометни јунаци вечерва да ја расипат забавата во „Краков арената“.
„Турон Арена“ во Краков