Напоредно со загревањето на ракометарите, навивачите на двете репрезентации ја пополнуваат „Краков арената“. Има и такви кои доаѓаат утрово по пат од преку 1.200 километри. Десетици фанови на двете селекции, заеднички со песна и со националните обележја, ги пееjа песните од Тоше Проески кои му претходат на почетокот на мечот.












