Македонскиот фудбалски првак Шкупи на домашен терен загуби од Динамо Загреб (0-1) и така во рамки на втората квалификациска рунда ги заврши настапите кои носат битка за место во Лигата на шампионите. „Гулабите“ од Чаир воопшто не се посрамотија, му парираа на далеку поквалитетниот и поискусен ривал и поразот беше болен затоа што шансите на двете страни беа идентични, а одлучи едно невнимание и еден несреќен гол на стартот на второто полувреме. Поради поразот, Шкупи патува во квалификациите за Лигата на Европа каде ќе игра во третата квалификациска рунда со Шамрок Роверс, додека Динамо продолжува во ЛШ и оди на мегдан со бугарски Лудогорец.