Македонската „Фаланга“ во Краков е комплетирана. Утрово со автомобили дојдоа десетици македонски навивачи и иако уморни од патот, се упатија во полските ресторани и таверни во центарот на Краков. Таму се слушаше македонска песна, сите објекти беа „обоени“ во црвено-жолта боја и атмосферата пред мечот со Франција полека се загреваше. За разлика од нашите, француските симпатизери никаде ги нема. Иако организаторот денес во 14.00 часот ја отвори фан-зоната, нашите навивачи најдобро се чувствуваат во кафеана.