Зјапаат празни трибините на „Краков арената“. Интересот за првиот од трите натпревари на одлучувачкиот ден на шампионатот не е многу голем. Македонските ракометари во мир пристигнаа во големата арена и веднаш се посветија на загревањето пред мечот со Белорусија. Денес Лазаров и другарите ќе настапат во црвената комбинација на дресови со која играа на првиот натпревар против Франција. Нацијата од нив ја чека првата победа на турнирот.