Македонската ракометна репрезентација ги заврши квалификациите за ЕП 2020 според планот и како лидер оди на европскиот ракометен собир. Во Струмица падна селекцијата на Грција (27-23), што беше доволно за задржување на лидерската позиција. Сега едно е сигурно, дека нашата земја во јануари ја чека нова ракометна треска и дека сите срца во ладната зима ќе пулсираат во ритамот на ракометната игра, на Европското првенство. Поради лидерското место, Македонија ќе биде во вториот шешир на ждрепката.