Футсал репрезентацијата на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство (ЕП) и минимално (0-1) славеше над селекцијата на Велс во рамки на првото коло од турнирот во Скопје. Островската селекција се покажа како доста тврда, а нашиот национален тим со еден гол успеа да го скрши отпорот од страна на противникот. Новиот селектор Скендеровски успеа да ја врати Македонија на победнички пат, затоа што пет дуели по ред во сите конкуренции нашите футсалци беа без триумф. Следниот дуел за Македонија е за два дена, кога нашите футсалци играат против Норвешка во борба за првото место.