Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од Франција (25-32) стави крај на настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Вараждин беше нашата „база“, каде ракометарите се прикажаа во добро светло и покрај последниот пораз од популарните ракометни „експерти“. Македонија доби на искуство, а истовремено покажа пред светот голем напредок. На овој шампионат тимот е петнаесетти, но не се задоволува со такво нешто. Следното Европско првенство ќе биде уште еден испит за оваа генерација, која сигурно не го кажала последниот збор.