Без неколку стандардни репрезентативци, и во ситуација на исчекување, ракометната селекција на Македонија денес го имаше својот прв собир во новата година. Со оглед на фактот што моментално сме ставени во „чекалната“ на ИХФ за настап на СП во Египет, селекторот Бресотвац се реши шанса за докажување им даде не неколку млади ракометари, а како „резерви“ ги стави искусните Ристовски, Георгиевски, Маркоски, Манасков и Стоилов. На првиот собир се пријавија, Кузмановски, Пешевски Талески... кои доколку не добијат повик за настап на Мундијалот ќе одиграат само две пријателски средби со селекцијата на Чиле.