Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз на домашен терен од Норвешка (1-2) и патот до квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година ќе мора да го бара преку бараж. Норвежаните губеа во поголемиот дел од мечот, но со два гола во второто полувреме го свртеа дуелот во своја корист. Така, завршуваат како лидери во групата и одат понатаму како најдобра селекција, додека Македонија завршува на второто место и ја чека бараж. Ждрепката за баражот за квалификации за ЕП 2022 ќе биде на 13 февруари во Нион, Швајцарија.