Пет натпревари без победа и без постигнат гол е билансот на Македонија под водство на новиот селектор Гоце Седлоски. Последниот кој го совлада нашиот национален тим и го остави на „нула“ е Швајцарија, која во Скопје победи со 0-3. Точно е дека се работи за фаворит, за врвна европска селекција, но загрижува фактот што Македонија на домашен терен не играше атрактивен фудбал и заврши без шут во рамка на противничкиот гол. Шанса за поправен испит во новото издание во Лигата на нациите ќе се има во Љубљана, каде нашиот национален тим гостува кај Словенија во втората рунда.



















































