Полека добива форма новата Македонија на Данило Брестовац. Во очекување на вести во последен час и пат за Египет од резервна клупа, нашиот проект за иднина доби нова димензија во првиот тест против Чиле во Скопје. Победата од 25-21 и не е најзначајна, колку проверката дали и колку од младите момци повикани во јануарскиот „прозорец“ можат да бидат наша светла иднина. Со никогаш помлад состав добивме одговори какви што посакувавме, па јануарскиот експеримент делува успешно.