Фудбалската репрезентација на Македонија го имаше првиот тренинг и означи официјален старт на „мисијата“ Норвешка. Ангеловски ги построи фудбалерите, а тимот кој има четири натпревари без пораз во низа има само една желба, триумф над Норвешка, против која немаме победа на последните четири официјални натпревари. Натпреварот меѓу двете репрезентации се игра на 11 ноември во Скопје.