Македонија и на третиот натпревар под водство на новиот селектор Благоја Милевски одигра допадливо, атрактивно, офанзивно, но пак не победи. Играта на „новата“ Македонија ветува, затоа што и против Романија статистиката е на наша страна, но во фудбалот за да се победи потребни се голови. Со новото реми нашите момци испуштија шанса да се искачат на втората позиција во групата Ј, а нова победа во мундијалските квалификации ќе бркаме во октомври, против Лихтенштајн.