Трите натпревари на Европското првенство се зад нас. Македонија загуби еднаш убедливо и двапати драматично. Данска е друга димензија и славеше со 31-21 и со подмаден состав. Но, вечерва не очајуваме, бидејќи видовме блесоци на нашите надежи и сигнали дека не е така безнадежна нашата иднина. Пласманот и тешкиот пат кој ни следи треба да биде само мотив повеќе новата Македонија да покаже дека е на правиот пат.