Македонската ракометна репрезентација ја исполни зацртаната цел и се пласира во главната групна фаза на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Во одлучувачкиот натпревар од третото коло на групата Ц, нашите ракометари ја совладаа Гвинеја со 29-20 (14-10) и како третопопласирани од групата продолжуваат меѓу 24-те најдобри на турнирот. Утре е слободен ден, а во вторник главната групна фаза ја започнуваме против Австрија во Вараждин, а потоа следат Катар и Франција.