Европскиот првак Магдебург ја забележа и деветтата победа од исто толку кола во Лигата на шампионите, откако среде Битола славеше над Еурофарм Пелистер со сигурни 26-31. Бундеслигашот го проби битолскиот „ѕид“ и остана перфектен во групата Б од европската елита. Манасков, Кузмановски и Радивојевиќ беа на висината на задачата и вечерва, исто како и Митревски на голот, но ниту тоа не беше доволно за изненадување против најдобриот тим во Европа. Следен предизвик на пелистерци во Лигата на шампионите ќе биде гостување во Хрватска, кај тимот на Загреб.
















































