Денес во центарот на Скопје се одржа втората по ред трка на дедомразовци. Од плоштадот „Македонија“ до портата „Македонија“, па во правец на Градската болница, покрај кејот на Вардар кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост, и пак до целта на плоштадот „Македонија“ беше делницата која ја трчаа натпреварувачите. Дистанцата која ја трчаат натпреварувачите е 1.500 метри. Дарио Јовановски од Скопје е победник на годинешната трка.
300 дедомразовци зедоа учество во најмасовното натпреварување од овој тип, организирано од Град Скопје, а главен поддржувач е Кока-Кола.
Ова е второ издание на трката во која учесниците се облечени во костуми на Дедо Мраз и пријатено се забавуваат пред, за време и по трката.
Трка на дедомразовци во Скопје