Екипата на ГРК Тиквеш остана максимална во Суперлигата. Тимот на домашен терен во дербито на колото славеше над ГРК Охрид (32-30) и така заедно со Алкалоид во Групата А екипата има пет победи по пет одиграни кола. Мечот беше супер-возбудлив, охриѓани се вратија во финишот, ама не можеа до целосен кам-бек. Така, „Лозарите“ и Тиквеш прославија нова суперлигашка радост.