Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија во првиот домашен меч во Лигата на шампионите, во рамките на второто коло од Фуксе Берлин со 22-30 (9-15). Пред полните трибини на салата „Боро Чурлевски“, одново во солидна атмосфера се одигра уште еден меч од европската елита. Сепак, на теренот фаворитот не дозволи изненадување, а рака на срце и пелистерци доста грешеа. Фуксе го имаше расположениот голман Дејан Милосављев, а иако и Никола Митревски имаше солидна партија, тоа беше недоволно за позитивен исход.