Кошаркарите на Пелистер одиграа според планот против аутсајдерот Вардар и запишаa убедлива победа од 41 поен разлика (98-57), во претпоследниот натпревар од лигашкиот дел од Првата кошаркарска лига на Македонија. Вицешампионот беше голем фаворит против најслабиот тим во лигата, а избраниците на искусниот стратег Трајковиќ тоа го докажаа со доминантна игра од прва до последна минута и по подолго време врза две победи во домашниот шампионат.


















































