Во прекрасен натпревар на стадионот во Ѓорче Петров, Македонија го совлада во првиот дел од сезоната ветувачкиот тим на Љубанци со 3-2. Победата во Битола им даде полет на „лавовите“ и Македонија Ѓ.П. дојде до победа и лидерство. Ако минатата недела во Ѓорче имаше немили сцени на мечот Љубанци – Победа, денес пријатно фудбалско попладне, прволигашки фудбал и пет убави гола.



















