Победа беше силно критикувана по поразот во Охрид од Гостивар минатата недела. Сепак момците на Дарко Крстески се издигнаа и одиграа 0-0 на гостувањето кај Македонија Ѓ.П. Прилепчани беа цврсти, имаа и свои шанси, но ремито потврдува дека нема непобедливи во ВМФЛ. „Лавовите“ останаа без реализација и по поразот од Скопје ова реми со Победа е еднакво на пораз за „црвено-жолтите“.