Ако не беше квалитетот и карактерот на Филип Кузмановски во моментите кога тоа најмногу требаше, првакот Еурофарм Пелистер можеше сензационално да загуби на домашен терен од Охрид. Тимот на Алушовски беше рамнправен и подобар скоро педесет минути, но како да се уплаши од подвиг и лошо ги одигра последните десет минути. Заморот од Кил, неиграњето на Тајник и Лесјак и квалитетот на противникот придонесоа Еурофарм Пеистер да не биде оптимален, а без најдоброто издание тешко ќе се победува во овој плеј-оф.