Екипата на Македонија Ѓорче Петров е освојувач третпат во историјата освојувач на Купот на Македонија, откако по пенали славеше над Струга Трим Љум (1-1 регуларен дел, 2-0 пенали) и по осум години „лавовите“ станаа првата екипа која го одбранила пехарот. „Лавовите“ и стружани понудија по еден гол во регуларниот дел, а во пенал-серијата актуелниот првак во ПМФЛ не постигна ниеден гол и така им дозволи на ѓорчепетровци да дојдат до титулата. Македонија ЃП поради освојувањето на Купот на Македонија заедно со Шкупи и Шкендија ќе игра во квалификациите за Конференциската лига.