Не гледаме кај нас секој ден кошаркарски мечеви на два изедначени тима како вечерва во Скопје. Ниту водството од 33 минути на второпласираниот Карпош Соколи не беше доволно за победа. Кумановчани се карактерни и знаат да возвратат. Така и беше вечерва и штета што мал број на гледачи го видоа драматичното славје на „плавите“ од Куманово со 90-94.