Кошаркарите на Куманово остварија значајна победа на гостувањето во Кавадарци против екипата на Тиквеш во рамките на третото коло од Првата македонска кошаркарска лига. Ова беше важен триумф за кумановчани за фаќање залет во првенството и потврда на нивните амбиции за висок пласман сезонава. Во драматична завршница во сала „Јасмин“ во Кавадарци, Куманово оствари вредна победа со 75-76.
















































































