Ретко мечеви од женската ракометна Супер лига се драматични и носат неизвесност. Ниту дуелот на Металург и Куманово не беше исклучок. Скопјанки доминираа и во текот на целиот меч ја зголемуваа предноста. Брзо таа стана двоцифрена и целото второ полувреме беше само тренинг за ракометарките на Металург. Победата од 39-20 е уште еден чекор напред до доближување на Металург до водечката екипа Вардар Јуниор.























