Екипата на Тиквеш успеа да слави со 2-1 над Брегалница во натпревар од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига. Поголемиот дел од возбудувањата се случија во второто полувреме, а публиката беше сведок на динамичен и интересен фудбал. Источното дерби понуди многу емоции, имаше повреди и крв поради борба за секоја топка, домашните пролеаја многу пот, а на крајот со навивачите се поделија и емоциите, затоа што ова е прв триумф за Тиквеш над Брегалница откако екипите се вратија во Првата македонска фудбалска лига.