„Црвено-црниот“ тим ја забележа и втората победа во Лигата на шампионите, откако пред полупразната „Јане Сандански“ славеше над шведскиот првак Кристијанштад со убедливи 33-25. Во ниту еден момент победата на домашните не беше доведена во прашање, а овој натпревар наликуваше на оние што Вардар ги одигра досега во СЕХА. Следен предивик за вардарци ќе биде гостувањето во Унгарија кај Веспрем на Арпад Штербик и Дејан Манасков.