Селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски го имаше првиот тест каква иднина ја очекува нашата селекција до 21 година. Генерацијата која треба да ги замени Радески, Ангелов, Барди, Бабунски одигра достоинствен меч против Белорусија и ремизираше по лошо време во Скопје (1-1). Првите вибрации посебно во финишот на првиот и почеток на вториот дел се позитивни и Македонија не треба да биде загрижена за својата иднина. Овие неколку дена со новата генерација и мечот попладнево сигурно ќе му послужат на Милевски добро да ја „скенира“ нашата иднина.



























