Ракометната репрезентација на Македонија одигра одличен финиш и со победа над Турција (30-27) го завери настапот на Европското првенство (ЕП) кое во 2024 година ќе се игра во Германија. Во последниот меч на Гоце Георгиевски, нашите ракометари ја оправдаа фаворитската улога, а во финишот блескаа Марко Митев и Мартин Томовски кои ја направија разликата на теренот и донесоа нова победа за „црвено-жолтите“. Ова е нов голем настан за Македонија, која го продолжува континуитетот на големата сцена кој трае повеќе од една деценија.