Со германска помош, среќа и треперење до последна секунда, како на нашите мечеви, македонската ракометна репрезентација барем еднаш ќе може да им каже благодарам на Германците. Победата на нивниот млад национален тим, по првите продолженија на Европското првенство, за нас значат историја, втора шанса за Олимпијада, веројатно последна за оваа генерација. Германија и Норвешка играа ракомет на кој се склони атлетите од овие две земји: брзо, агресивно, максимално подготвено. Победата од 34-33 ги лансира момците на Сигурдсон таму каде што беа пред неполна деценија, кога на домашен терен станаа светски прваци. Сега се на чекор да станат европски, кога никој на нив не се обложил.