Само 500 гледачи во СЦ „Јане Сандански“ дојдоа да го бодрат својот тим во борбата да остане во АБА лигата. И покрај слободниот влез, салата зјапаше празна, а најдобро навиваа девојките. Вечерва ги имаше во голем број, а сите многу емотививно ги доживуваа пресвртите, кои металците им ги приредија на своите навивачи. Победата од 77-70 е и по нивна заслуга. Девојките подобро навиваат од момците, кога игра МЗТ Скопје.










